Сандра Булок си купи дури три нови вили за 16,5 милиони долари

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Американската актерка и продуцентка Сандра Булок неодамна потроши 16,5 милиони долари на три недвижнини во Малибу и во Беверли Хилс во Калифорнија.

Имено една од недвижнините се наоѓа на рид, додека другите две се во првиот ред до океанот. Сандра најпрво го купила луксузниот дом во престижниот дел на Малибу за 8,5 милиони долари, каде има чувар 24 часа дневно, а прва сосетка и е колешката Хали Бери.

Куќата на обалата се простира на 343 квадратни метри, има четири спални соби и четири бањи.

Дневната соба е отворена и светла, пространа и со фантастичен поглед на океанот и плажата.


Булок потоа купи уште една недвижност во Малибу за 5,3 милиони долари, исто така со поглед на океан, која е само на неколку метри од првата куќа. Таа се простира на 120 квадратни метри и има две спални соби, дневна соба и две бањи.

Третиот имот кој го купила славната актерка е бунгалов на планината над Беверли Хилс за 2,7 милиони долари.


Изграден во 1946 година и неодамна реновиран. Се простира на 260 квадратни метри и има три спални соби и три бањи. Дневната соба е пространа и има висок таван, а во куќата има и библиотека, а во дворот базен со водопад.

Познатата холивудска ѕвезда сега поседува околу 17 недвижнини во САД вклучувајќи ја и вилата во Тексас која гледа на езеро, како и куќата во Њујорк и Њу Орлеанс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот