Само што оздраве од корона, повторно доби температура и заврши во болница: Пејачката Славица Чуктераш вели дека е силна! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатата српска пејачка Славица Чуктераш до неодамна се бореше со коронавирусот, а јавноста ја извести по три недели дека конечно добила негативен тест.

Меѓутоа, пејачката повторно се соочи со здраствени проблеми.

Чуктераш повторно има зголемена температура и се чуствува омалаксано и измачено, а како што дознале српските медиуми, во прашање е гнојна ангина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slavica Cukteras (@cukterasslavica) on

За да го потврдат ова, медиумите ја контактирале Славица, а таа изјавила следно:

– Кога ми пристигнаа наодите, покажа дека имам гнојна ангина. Веднаш добив антибиотици, а како што се зголемуваше температурата, не смеев да ризикувам, па заминав во Ургентен центар. Докторот се исплаши да не имам корона, иако му кажав дека сум негативна и му ги донесов резултатите, а на наодите од вчера се покажа дека имам антитела – рекла пејачката.

– Ме испрати во ковид болницата, каде утврдија дека е гнојна ангина и ми кажаа да земам уште антибиотици, но секако денеска пак ќе одам на доктор, па ќе видиме. Силна сум јас. Кога преживеав корона, ќе го преживеам и ова – изјавила Чуктераш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот