Фото: Архива на „Слободен печат“

Директорот на „Дурмо турс“ никаде го нема

Основниот кривичен суд Скопје стави крај на дилемите околу тоа кој од осудените за трагедијата кај Ласкарци е веќе во затвор, а кој е на слобода.

Во официјално соопштение, Судот информираше дека осудениот Јане Бабаровски веќе еден месец ја издржува својата затворска казна во КПУ Идризово, додека за спроведувањето на сите останати осудени лица, вклучително и оние по кои се трага, прстот го впери кон Основниот суд во Гостивар.

Ова појаснување, како што велат од Кривичниот суд, доаѓа по серијата медиумски прашања и јавниот притисок поврзан со извршувањето на правосилната пресуда за предметот К.бр. 1407/19, познат во јавноста како „Дурмо Турс“, особено по информациите дека дел од осудените не се достапни за органите на прогонот.

Според информациите од Кривичниот суд, Јане Бабаровски, кој беше еден од обвинетите во синџирот на одговорност за техничката исправност на автобусот, веќе се наоѓа зад решетки.

„Основниот кривичен суд Скопје е надлежен за извршување на санкцијата на осудениот Јане Бабаровски, кој со упатен акт на судија за извршување санкции, започнал со извршување на петгодишната затворска казна во КПУ Идризово на 09.10.2025 година,“ се наведува во соопштението. Во однос на останатите осудени – меѓу кои се сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, раководителот Ремзи Мифтари (по кого се трага), возачот Маноил Трифуновски и другите вработени – Скопскиот суд појаснува дека нема законска надлежност да постапува, туку за тоа е надлежен гостиварскиот суд“, пишува во соопштението.

Мифтари и Белули се осудени на десет години затвор, а влегувањето во „Идризово“ го одложуваат повеќе од седум месеци. Тие дури и истовремено отидоа на операција од „кила на тестиси“. На одговорниот за транспорт во „Дурмо турс“ Ремзи Мифтари одлагањето на казната му истече, а газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, добил ново одлагање, сега до први декември

Апелација со повисоки казни за дел од обвинетите за Ласкарци – сопственикот на „Дурмо турс“ треба да оди 10 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот