Само две НБА ѕвезди одбија да учествуваат во „Последниот танц“

Документарниот филм за Мајкл Џордан и шампионската генерација на Чикаго булс, изминатиот викенд заврши со емитувањето на последните две епизоди.

„Последниот танц“ стана глобален феномен, а во тоа голем удел има и пандемијата на коронавирусот поради која спортот на целата планета е ставен под карантин и поради тоа документарниот филм беше во центарот на светската спортска јавност.

Мајкл Џордан / Фото: JEFF HAYNES / AFP / Profimedia

Серијалот од 10 епизоди заврши во неделата, а во последните две „жртви“ на Џордан и неговиот Чикаго беа кошаркарите на Јута џез кои беа предводени од легендарните Карл Мелоун и Џон Стоктон.

Мајкл Џордан се радува на шестата победа над Јута Џез / 1998 / PETER PAWINSKI / AFP / Profimedia

Во „Последниот танц“ се појавија речиси сите кошаркари кои значеа нешто во НБА лигата во тоа време, но само двајца одбија да учествуваат во серијата, очекувано тоа се играчите на Јута, Карл Мелоун и Брајон Расел.

Кевин Мелоун и Брајон Расел / Фото: Твитер

Карл Мелоун беше најдобар играч на Јута џез во тие години, а неговиот тим две сезони по ред губеше во големото финале од Џордан и неговиот Чикаго, па според сценаристите дека кошаркарот немал сили повторно да се потсеќа на тие моменти, а особено не јавно.

Мајкл Џордан и Карл Малоун / Фото: VINCENT LAFORET / AFP / Profimedia

Брајон Расел е најпознат по тоа како борбено го бранеше Џордан кој ги постигна победничките поени во шестиот натпревар од големото НБА финале, со кои „биковите“ се доближија до шестата титула. Тогаш, фановите останаа поделени дали Џордан насилно го бутнал својот колега.


Сликата на Расел како се „лизга во празно“ додека Џордан го постигнува победничкиот кош е историска и играчите на Јута никогаш нема да го заборават тој момент, а ни светските фанови на НБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот