Само бидете упорни: Домашен пилинг од кафе кој гарантирано го елиминира целулитот!

Да, целулит имаат и најдобрите од нас, и да, ниту моделите не се имуни. Но, ние имаме неколку супер трикови кои ќе ви помогнат да ги ублажите дупчињата на своите бутови…

Непријател број 1 на целулитот е кофеинот, кој ги намалува наслагите и и овозможува на кожата антиоксиданси, кога се нанесува однадвор. Ако редовно се употребува на овој начин (потребно е да се втрие), докажано ја намалува видливоста на целулитот, а особено е ефикасен на долгорочните патеки.

Во овој рецепт за домашен антицелулит пилинг, се комбинира кафе со хидратантно кокосово масло кое ја омекнува кожата, како и со морска сол за дополнителен ефект на пилинг. Со масирање на оваа смеса на проблематичните места, ќе го стимулирате протокот на крв, што ќе резултира со цврста и нежна кожа, а на целулитот ќе му зададете смртоносен удар со состојките кои тој најмалку ги сака. Плус, ова мириса сосема фино, за разлика од многу домашни смеси.

Што ви е потребно?

– 1 чаша крупно мелено кафе

– 6 лажици кокосово масло

– 3 лажици крупна морска сол

– празна тегла

– четка од природни влакна (опционално)

Подготовка

Измерете ги сите суви состојки и измешајте ги во голема чинија. Истопете го кокосовото масло во микробранова печка ако е во цврста состојба и додадете го во мешавината. Добро измешајте ја смесата и ставете ја во сад кој може добро да се затвори.

Употреба

Пред да се истуширате, масирајте го телото со сува четка за да ја стимулирате циркулацијата и да го подготвите телото за што подобри резултати од пилингот. Четкајте ги нежно со кружни движења сите проблематични делови или целото тело.

Под тушот нанесете го својот пилинг и вмасирајте го со прстите во кожата, исто така со кружни движења. Масирајте околу 10 минути и потоа исплакнете. Повторувајте го ова секој ден и резултатите нема да изостанат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот