Салихамиџиќ го критикуваше Полјакот: Не го разбирам Левандовски

Роберт Левандовски, екс напаѓачот на Баерн Минхен/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ го критикуваше Роберт Левандовски кој го напушти Баерн и се пресели во Барселона.

А кога си замина полскиот напаѓач не ги штедеше критиките кон својот поранешен клуб.

Левандовски ги обвини првите луѓе на Баерн дека го лажеле за новиот договор и кажале многу лоши работи за него.

Салихамиџиќ на ваквите изјави одговори со следниве зборови:

– Воопшто не можам да го разберам. Татко ми ме научи дека кога ќе заминеш, никогаш не ја затворај вратата со задник, а тој е на добар пат да го направи токму тоа – рече Салихамиџиќ за „Билд“.

ВИДЕО: Ревија на промашувања на Левандовски во победата на Барса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот