Сакраменто Кингс испрати алармантна порака

фото: твитер

„Кралевите“ ќе продолжат да се борат за толеранција на разликите затоа што спортот не знае за разлики и ги пробива тие бариери.

Во претходните денови САД беа потресени од случајот со Џорд Флојд, убиен Афроамериканец, поради што се огласи и НБА клубот Сакраменто Кингс.

Во продолжение соопштението на Вивек Ранадив, сопственик на екипата од Калифорнија:

Кога би рекол дека срцето ми крши, не би опишал ниту дел од тагата, фрустрацијата и лутината што ги чувствувам во светлината на ужасното убиство на Џорџ Флојд од страна на човек кој се заколна дека ќе заштитува и служи.

– Како татко на едно момче кое одбрало да служи на својата земја, јас сум свесен од прва рака за честа и гордоста со која многу мажи и жени носат униформи и ги ризикуваат нивните животи секој ден да нè чуваат, но кога потезите на неколкумина ја оцрнуваат таа обврска, тоа мора да запре – рече Ранадив.

Тој и натаму го замислува животот во САД без страв, омраза и расизам, но не и реалност за милиони Афроамериканци.

View this post on Instagram

#JusticeForGeorgeFloyd

A post shared by Sacramemeto Kings (@sacramentokings) on

За жал, ова не е новост. Со стотици години, безброј мажи, жени и деца биле третирани како пониска раса, принудени да работат двојно повеќе и понапорно и преземени премногу рано како резултат на последиците од нетолеранција, предрасуди и нееднаков третман. Можеме да избереме љубов, наместо омраза, но ќе мора сите да се вклучиме – додаде Ранадив.

На крајот, сопственикот на Кингс, во име на својата организација, изрази сочувство до семејството на починатиот Флојд и најави дека „Кралевите“ ќе продолжат да се борат за толеранција на разликите затоа што спортот не знае за разлики и ги пробива тие бариери.

Да потсетиме, споменатиот Флојд беше убиен од полицаецот Дерек Чувин, кој клекна на вратот на Флојд повеќе од осум минути додека беше уапсен во Минеаполис.

Убиството предизвика лавина на протести во Америка, а Чувин и тројца други полицајци кои учествуваа беа отпуштени, додека Чувин беше уапсен и ќе му се суди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот