„Сакаа Арчи да го одгледувам како сноб“ – Британците никогаш нема да и простат на Меган за тајното крстење на Арчи

Меган Маркл изјавила дека имала впечаток дека луѓето од неа очекувале синот Арчи да го одгледува како сноб, после критиките дека таа во тајност го крстила детето.

Заштитнички настроената Меган Маркл, на 6-ти јули минатата година во апсолутна тајност го крстила синот Арчи во замокот Виндзор, во присуство на само 20-на гости.

Во необјавената биографија „Finding Freedom“, Меган зборувала за очекувањата на луѓето.

Фото: Профимедиа

Откако медиумски беше нападната, бидејќи тајно го крстила Арчи и поради фактот што не ѝ дозволи на јавноста да учествува во овој чин, британските медиуми пишуваа дека Меган ќе го упропасти детето.

Фото: Профимедиа

„Тие луѓе ме злоставуваа и сакаа да го одгледувам детето како сноб. Детето кое не е заштитено и нема титула. Дали тоа има смисла? Прашајте ја за тоа било која жена во светот“, изјавила Меган, пренесува „The Sun“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот