Саитоски: Очекувањата се големи, против Украина и Ерменија да го докажеме нашиот квалитет

Македонскиот фудбалер Емир Саитоски во дресот на словенечкиот клуб Домжале/Фото: facebook/NK Domzale

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.

На 2 јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” – Скопје гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група „Х“, ќе го одиграме мечот против Украина во Истанбул, Турција.

На списокот се наоѓаат најголем дел од фудбалери кои се очекува да бидат едни од главните носители на оваа генерација во наредниот квалификациски циклус.

Меѓу повиканите е и Емир Саитоски (19), кој моментно игра во најсилната словенечка лига.

Сезонава за првата екипа на Домжале запиша 10 настапи, со еден постигнат гол против Целје и со тимот веќе го обезбеди опстанокот во елитата.

– Задоволен сум што настапувам за првиот тим на Домжале. Оваа сезона имав 10 настапи оваа натпреварувачка сезона. Ни преостана уште еден натпревар во првенството, против Радомље на 21 мај – ни изјави Саитоски кој има мечеви за нашата У19 селекција, а претходно и за У17.

Македонија У21 не успеа преку квалификациите да обезбеди настап на следното ЕП 2023, но Саитоски верува дека на последните два меча може да биде поправен впечатокот и со добра игра биде тоа убава најава за следниот циклус.

– Искрен да бидам, кога се зборува за репрезентација, па и за својата држава, очекувањата се многу големи. Очекувам да извојуваме победа, иако Украина и Ерменија имаат доста квалитетни фудбалери. Но, ние со нашата посветеност, со нашиот квалитет мораме да го докажеме тоа на теренот – вели Саитоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот