САД и Иран потврдија — бродови повторно се движат низ Ормускиот Теснец
По објавувањето на рамковниот договор меѓу САД и Иран за завршување на конфликтот, пристигнуваат и првите знаци на смирување на состојбата на теренот. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека бродовите повторно почнале да се движат низ Ормускиот Теснец, објавија светските медиуми.
Препорачано
Според нив, врз основа на поморски податоци, поголем број пловила во моментов се обидуваат да го минат овој стратешки важен морски премин.
Обновувањето на сообраќајот следува откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека компаниите во почетниот период нема да плаќаат надоместоци за пловидба низ теснецот. Во исто време, Техеран соопшти дека заедно со Оман презема мерки за безбедна навигација на бродовите.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека САД со договорот се обврзале на укинување на економските санкции кон Иран и учество во обновата на земјата.
Додека финансиските пазари позитивно реагираат на договорот, состојбата во Либан останува тензична. Според локални медиуми, едно лице загинало во напад во јужниот дел на земјата, а Израел засега не го коментира инцидентот.
Америка и Иран ќе го потпишат договорот за крај на војната на 19 јуни во Швајцарија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18сек
-
9мин
-
13мин
-
37мин
-
49мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


