САД: Дадилка заспала и го заборавила 11-месечното бебе во автомобилот – починало на горештината заедно со кучето

Дадилка го заборавила бебето во автомобил/Фото: Социјални мрежи/Virginia police

Американската полиција уапси 40-годишна жена која остави 11-месечно бебе во автомобил шест часа на горештината во вторникот во Вирџинија, што резултираше со негова трагична смрт.

Полициската истрага што доведе до апсење на 40-годишната Кристен Греам започна во вторникот попладне кога полицајците се повикани откако мртвото бебе е донесено во болница во црна торба од страна на постар маж.

Полицијата потоа ја пронашла 40-годишната девојка која се грижела за бебето на 17-годишната Аријана Викер и таа им рекла дека се започнало во раните утрински часови истиот ден, откако и се јавил еден нејзин пријател и побарал превоз од неа за да купи цигари бидејќи чувал старец и не можел да го остави сам подолго време.

„Така дадилката со бебето и со кучето влегла во автомобилот и го однеле во продавница каде што 40-годишникот купил кутија цигари и сок“, изјавил портпаролот на полицијата.

Потоа, околу 8 часот наутро во вторникот, Греам се вратила во својот дом, ги затворила прозорците на автомобилот и ги оставила бебето и кучето внатре додека температурата надвор била 31 Целзиусов степен.

Според полицијата, 40-годишната дадилка заспала и се разбудила откако добила повик некаде помеѓу 14 и 14,30 часот во вторникот. Дури тогаш отишла до автомобилот и видела дека и бебето и кучето се мртви.

Дадилката на бебето им кажала на полицајците дека последното нешто на кое се сеќава е дека се паркирање и го изгасила моторот. За да се оправда, тврдела дека земала таблета – мускулен релаксант.

Малолетната мајка ја дознала трагичната вест од својот цимер.

Засега 40-годишната е обвинета за небрежност, но можно е обвинението против неа да се надгради во убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот