Рутинска победа на Макс Ферстапен на „Силверстоун“

фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен славеше на Формула 1 трката за Големата награда на Британија.

Актуелниот светски шампион ја постигна шестата последователна победа, осма сезонава, а вкупно 43 во кариерата.

Она што е особено интересно е дека „Ред Бул“ го израмни рекордот на Мекларен од 1988 година, откако Ферстапен и Серхио Перез победија на последните 11 трки, израмнувајќи ја победничката серија на еден тим, која ја држат Аиртон Сена и Ален Прост.

Што се однесува до подиумот, возачот на „Мекларен“ Ландо Норис заврши втор, додека Луис Хамилтон на „Мерцедес“ беше трет.

Во 33 круг болидот на Кевин Магнусен се запали, а безбедносното возило излезе на патеката. Тоа најдобро го искористи Луис Хамилтон, кој заврши пред Оскар Пјастри и Џорџ Расел.

Ферстапен води во генералниот пласман со 255 бодови, пред Перез кој има 156, додека Фернандо Алонсо кој заврши на седмата позиција на „Силверстоун“ е третопласиран со 137.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот