Марк Руте во Собрание - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Марк Руте / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Руте ја пофали Шекеринска во Собранието

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, значаен дел од своето обраќање во Собранието посвети на состојбата во Украина, истакнувајќи дека „сојузниците стојат рамо до рамо секогаш кога се соочуваат со опасен и нестабилен свет“.

Русија, Кина и Иран се актери кои развиваат сѐ поголеми капацитети за притисок врз евроатлантската безбедност, порача генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието.

— Иран е извозник на хаос. Опасноста што ја претставува е далекусежна и затоа Иран не смее да поседува нуклеарно оружје — нагласи Руте пред пратениците.

Тој значаен дел од своето обраќање во Собранието посвети на состојбата во Украина, истакнувајќи дека „сојузниците стојат рамо до рамо секогаш кога се соочуваат со опасен и нестабилен свет“.

Осврнувајќи се на руската агресија врз Украина, Руте порача дека кога војната ќе заврши, мора да се обезбедат услови за одржлив мир и соодветни гаранции за Украина, подвлекувајќи дека „безбедноста на Украина е и наша безбедност“.

Руте: Иран е закана за Европа, НАТО ќе го брани секој сантиметар од својата територија

Во говорот Руте ја спомена и својата заменичка, Радмила Шекеринска. Тој ѝ упати благодарност за придонесот во Алијансата и оцени дека нејзиното именување било одличен избор, додавајќи дека со гордост соработува со неа.

Пратениците на Левица го пречекаа Руте со своја порака, пред говорницата отворија голем транспарент, на кој пишуваше „НАТО убива за профит“.

Претходно, за време на тет-а-тет средбата со претседателката во Вила Водно, Руте внесе и доза на неформалност – излезе на терасата и ги поздрави новинарите со пријателски гест. Иако средбата првично била планирана да трае подолго, поради неговото доцнење таа траела околу петнаесетина минути.

ФОТО | Левица го пречека Руте во Собранието со транспарент „НАТО убива за профит“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот