Руските платеници стигнаа во Либија: „Готвачот на Путин“ тргнува кон Триполи

Престрелка во Триполи/фото: Профимедиа

Повеќе од 100 платеници од приватната војска „Вагнер“ на чело со Јевгениј Пригожин, познат како „Готвачот на Путин“, стигнаа во воената база која се наоѓа во близина на подрачјето на кое се водат битките во Либија. Се смета дека тие ќе помагаат во офанзивата на бунтовниците на одметнатиот генерал Калифа Хафтар на главниот град Триполи, јавија извори од земјата, а пренесе „Експрес.хр“.

Нивното доаѓање е во исто време кога ескалираа воздуишните напади во знак за поддршка на Хафтар, кој настојува што повеќе да ја зајакне својата позиција во пресрет на меѓународната мировна конвенција следниот месец. Неговите сили ги напаѓаат предградијата на Триполи уште од почетокот на арпил.

Еден командат на руските платеници потврди дека луѓе од „Вагнер“ веќе учествувале во борбите во Либија, како и дека некои од нив таму и загинале, пренесе „Блиц“.

Русија се огради од владата во Триполи, која ја има поддршката на Обединетите нации и изгледа дека се очекува Хафтар и неговите сили и понатаму да напредуваат, и покрај тоа што пролетва доживеаја неупех во обидот да се пробијат во главниот град. Службено лице од Либиската национална војска, која ја предводи Хафтар, рече дека ниту еден руски или друг странски борец не војувал во нивните редови.

Јевгениј Пригожин не одговарал на прашањата на новинарите на „Блумберг“. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека нема информации за руски платеници во Либија. Сепак, во африканската земја луѓето на Пригожин веќе се придружиле на „жешкото“ бојно поле. Обединетите Арапски Емирати и Египет исто така го поддржуваат Хафтар, додека Турција ја поддржува владата во Триполи која е признаена од ОН.

Двете страни ја напаѓаат противничката, и меѓу другото, вооружени се со беспилотни летала. Луѓето од „Вагнер“ на армијата на Хафтар овозможувале артилериска поддршка, потврдија двајца западни дипломати. Либискиот министер за внатрешни работи Фати Башага изјави дека Хафтар првенствено ангажирал судански војници, а кога тие не донеле успех, на сцена стапиле руските платеници.

Пригожин станал клучен играч за сепораширената руска надворешна политика, особено во Африка и на Блискиот Исток. Минатиот месец „Блумберг“ објави дека неговите платеници во Сирија се подготвени за напад на Идлиб со кој раководат џихадисти, за да се заврши осумгодишната војна во оваа земја.

Во Средноафриканската Република неговите платеници ја поддржуваат владата која не контролира поголем дел од земјата, а во другите места во Африка неговите оперативци нудат сигурносни услуги, обука за вооружување и помош на избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот