Руски пожарникари спасиле повреден був од врани

Руски пожарникари спасија повреден був / Фото MCHS_SMOLENSK

Пожарникарите често знаат покрај со пожари да спасуваат и животни заглавени на несекојдневни места, а најчест пример за тоа е мачка на дрво. Но, во рускиот град Смоленск тоа бил многу посериозен случај. Був со повредено крило бил пронајден како лежи пред портите на противпожарната станица во понеделникот наутро, а повредената птица ја колвале врани, велат властите, пренесува Би-Би-Си.

Пожарникарите ја виделе и ја спасиле повредената птица, внесувајќи ја на топло и давајќи и храна. Уралскиот був потоа бил однесен на ветеринар за дополнителна нега. Бувот се очекува да биде испратен во центарот за рехабилитација и реинтродукција на диви птици, соопшти службата за итни случаи на Смоленск.

Во интервју за руските државни медиуми, прес-службеничката Наталија Арбузова опиша како пожарникарите во западниот руски град ја спасиле птицата кога била забележана во 10:00 часот.

„Бувот лежеше неподвижен со повредено крило, а враните го колваа. Кога го виделе пожарникарите, притрчале на помош и ги избркале враните, а потоа го нахраниле““, рече таа.

Руски пожарникари спасија повреден був / Фото MCHS_SMOLENSK
Руски пожарникари спасија повреден був / Фото MCHS_SMOLENSK

Се очекува птицата добро да закрепне, но ќе остане кај ветеринарот додека не биде испратена во центарот за рехабилитација, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот