Руската тајна служба го ликвидирала пропагандистот Татарски, велат од тимот на Навални

Владлен Татарски загина во експлозија во кафуле / Фото: Твитер / скриншот

Тимот што го поддржува затворениот руски опозиционер Алексеј Навални ги отфрли обвинувањата на руските власти дека личноста осомничена за убиство на блогерот-пропагандист Вледлен Татарски е поврзана со Навални, инсистирајќи дека зад убиството стои руската тајна служба, пренесе „Си-ен-ен“.

Опозициските активисти Иван Жданов и Леонид Волков, кои се во егзил во странство, денеска изјавија дека агенти на ФСБ се одговорни за убиството на Владлен Татарски.

– Апаратот на власт со години се обидува да ни прикачи терористички активности врз опозицијата, рече Жданов. Ваквите обвинувања на Комитетот за борба против тероризмот се чувствителни бидејќи Навални наскоро ќе треба да одговара за екстремизам во ново кривично дело.

Дарја Трепина, 26-годишна жена која, според истражителите, била поврзана со тимот на Навални, е во притвор за убиството на Татарски, блогер близок до Кремљ.

– За руските истражители, обвинението дека Навални е вмешан во убиството е погодно, бидејќи тоа значи дека Навални може да биде осуден на максимална казна за тероризам, рече Жданов.

Тој и Волков ја обвинија ФСБ дека со години организира политички убиства. ФСБ самата го „елиминираше“ овој блогер, кој исто така го критикуваше однесувањето на Министерството за одбрана на војната во Москва, пренесува ДПА.

Агентите „се трујат и се убиваат едни со други, ги делат своите територии. Овие случаи едноставно не се сите јавни, рече Жданов.

Целта на разузнавачите беше лажно да ја обвинат антикорупциската фондација на Навални. Ним не им треба само надворешниот апсолутен непријател во обликот на Украина, туку и внатрешен непријател во обликот на тимот на Навални“, рече Жданов.

Волков рече дека „семоќната тајна служба“ инаку ја имала ситуацијата под контрола, но сега дозволиле вакво нешто да се случи сред бел ден, и тоа од сите места – баш во центарот на Санкт Петербург – тоа зборува за ФСБ како одговорна страна

Повеќе од 30 лица се повредени во вчерашната експлозија во кафуле во Санкт Петерсбург. Во експлозијата загина познатиот руски воен блогер Владен Татарски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот