Русија гаѓаше украински енергетски капацитети, се зголемуваат мерките за штедење струја

Авдеевка, Украина / Фото EPA-EFE/ALESSANDRO GUERRA

Изутринава руските сили извршија голем напад врз украинските енергетски капацитети, изјави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

Компанијата „Укриненерго“ на Фејсбук објави дека поради силниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети, се зголеми обемот на мерките за ограничување на потрошувачката на електрична енергија.

Прогласена е воздушна тревога низ целата земја, а украинските воздухопловни сили издадоа предупредување дека Русија лансирала проектили за време на нападот, пренесува Укринформ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот