Русија: Бесмислено е да продолжат консултациите со Холандија и со Австралија за падот на MX17

Фото: EPA-EFE/FRED NEELEMAN BEST QUALITY AVAILABLE

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е бесмислено да продолжат консултациите со Австралија и со Холандија во врска со соборувањето на летот МХ17 на „Малезија ерлајнс“, обвинувајќи ги двете земји дека одбиваат да утврдат што се случило.

Русија наведе дека спроведените истраги биле пристрасни и исполитизирани. Холандската Влада одговори дека „жали” за одлуката на Русија да ги прекине консултациите за соборувањето на летот МХ17.

– Руската Федерација нè извести дека еднострано одлучила да ги запре преговорите за одговорноста при соборувањето на летот МХ17, изјави холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок.

Тој додаде дека Холандија во голема мера жали за оваа одлука

– Тоа е крајно болно за преживеаните, додаде Блок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот