Ручек за 20 минути: Рецепт за фини тестенини со тиквички и сирење

Фото: Sergii Koval / Alamy / Alamy / Profimedia

Тестенини со тиквички и сирење се одлична идеја кога не знаете што да готвите и немате многу време да подготвите оброк. Овој рецепт ќе се најде на трпезата подготвен за консумирање за само 20 минути.

Состојки:

1 кг тиквички
400 гр тестенини по желба
400 гр чери домати
100 гр пармезан сирење
10 гр свеж босилек
3 супени лажици маслиново масло
3-4 чешниња лук
сол и бибер по желба

Подготовка:

Тестенините сварете ги „ал денте“, односно две минути помалку од упатството на пакувањето.

Додека тестенините се варат, загрејте една лажица маслиново масло во тава. На масло пропржете ги тиквичките исечкани на парчиња колку залак. Варете околу 5 минути, а потоа префрлете ги тиквичките во сад.

Во истата тава додадете уште една лажица маслиново масло, додадете ги измиените и исчистени и преполовени чери домати, па пржете ги околу три минути.

Додадете го сечканиот лук и пржете околу една минута.

Во тавата ставете ја преостанатата лажица маслиново масло, варените тестенини, пржените тиквички и ренданото сирење. Се добро измешајте, посолете и побиберете по желба и посипете со сечкан босилек.

Во тестенините можете да додадете и неколку парчиња пржена сланина.

Послужете ги тестенините со сезонска салата. Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот