Ротердам ќе биде домаќин на Евросонг 2021

Ротердам, Холандија се согласи да биде домаќин на Евросонг 2021 година откако овогодишното натпреварување за најдобрата песна на Европа се откажа поради пандемијата на коронавирусот.

Организаторите во март објавија дека овогодишниот Евросонг не може да се одржи во Ротердам во мај поради пандемијата на коронавирусот.

Градскиот совет на Ротердам одлучи да ги покрие трошоците кои настанаа поради откажувањето на Евросонг 2020 во износ од 6,7 милиони евра.

Евросонгот 2020 беше планиран од 12 до 16 мај. Организаторите на натпреварувањето – Европската радиодифузиската унија (ЕБУ) се обидоа да пронајдат некое друго решение, но не успеаа.

Ротердамската „Ахоу арена“ во која требаше да се одржи натпреварувањето, во моментот е пренаменета за сместување на заболените од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот