Роналдо на натпреварот против Норич заработи скоро милион фунти

Кристијано Роналдо и на 37 години игра одлично во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо повторно блескаше во дресот на „црвените ѓаволи“, беше херој во новата победа на Манчестер јунајтед остварена против Норич со јубилеен хет-трик.

Португалскиот репрезентативец со своите голови оваа сезона донесе голем број бодови, што на крајот може да биде пресудно во борбата на Јунајтед за место кое води во Лигата на шампионите.

Иако е на залезот на кариерата, има 37 години, но и натаму може да игра на врвно ниво. Во досегашниот дел од сезоната успеа да одигра 35 мечеви во сите натпреварувања запишувајќи 21 гол.

Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо активирал некои бонуси од својот договор со Јунајтед против Норич. По тој меч е побогат за речиси милион фунти, а таа бројка може да расте од меч во меч.

Во договорот со клубот има клаузула за бонус од 750.000 фунти доколку постигне 20 гола во сезоната и тоа успеа да го направи во саботата. Тој за секој следен гол ќе добива по 100.000 фунти (850.000 фунти, 1,02 милион евра), а веќе дојде до таква сумa за голот од слободен удар за 3:2 против Норич, што беше негов 21 гол сезонава во сите натпреварувања.

Исто така, Роналдо во договорот има клаузула според која може да заработи дури милион фунти доколку на крајот од сезоната биде во најдобар стрелец во Премиер лигата во која има уште шест кола до крајот. Пред него се само Мохамед Салах (Ливерпул) кој има 20 гола и Сон Хјунг-Мин (Тотенхем) со 17, а ја дели третата позиицја со Диого Жота (Ливерпул) по 15 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот