Полиција / илустрација

Романец измамил скопјанка – од дома ѝ украл евра и златен накит, а се претставил како продавач на луксузни производи

Полицајци во скопски Чаир синоќа уапсиле двајца Романци, кои биле пријавени дека измамиле 83-годишна скопјанка, со тоа што едниот влегол кај неа дома претставувајќи се дека продава луксузни производи за домаќинство, но ѝ украл евра и златен накит.

„На 22.04.2026 околу 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Г.(35) и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама и одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Кола удри велосипедист на „Партизанска“ – итната помош 25 минути патуваше 200 метри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот