Кола удри велосипедист на „Партизанска“ – итната помош 25 минути патуваше 200 метри

Црн автомобил утрово удри велосипедист на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ блиску до Поликлиниката „Букурешт“.

Станува збор за повозрасен човек кој управуваше велосипед, а по ударот остана да лежи на коловозот со видливи повреди — имаше крвавење од носот и устата, но беше свесен и контактибилен.

Жената која го возеше автомобилот веднаш му пружи прва помош на повредениот.

На местото на настанот пристигна екипа на Итна медицинска помош, но со доцнење. Според присутните, амбулантното возило го чекале 25 минути. Во поликлиниката Букурешт во чија непосредна близина се случи настанот, се наоѓа и пунктот на итната медицинска помош.

На 23.04.2026 во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје удрило во велосипед управуван од З.М.(58) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР за „Слободен печат“.

Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот