• партизанска

ФОТО | Сообраќајка кај Соборна, се судрија автобус на ЈСП и комбе

На раскрсницата кај Соборна во центарот на Скопје, предмалку се случи сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП и комбе. Според информациите на „Слободен печат“ нема потешко повредени. Поради сударот отежнат е сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“. На местото на несреќата излезени се полициски екипи. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.