Рокот е 90 дена: Почнаа подготовките за уривање на кулата „Вјесник“ во Загреб
Во опожарената кула „Вјесник“ во Загреб по три месеци започнаа подготвителни работи за отстранувањето на облакодерот, потврди денеска државниот секретар на Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот, Тончи Главиниќ, и најави дека работата ќе се одвива во фази, пишува Индекс.хр.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Багери и припадници на хрватската армија пристигнаа во „Вјесник“, и во најкраток можен рок можат да го отстранат целиот мебел од хрватскиот парламент што беше складиран таму. Утрово во Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот се одржа координативен состанок, на кој присуствуваа претставници на Градот Загреб, заедно со изведувачот и стручниот надзор. Тие разговараа за отстранување на 8.000 тони градежен отпад во моментот кога ќе започне процесот на отстранување, но и за регулирање на сообраќајот со оглед на состојбата на градилиштето, рече Главиниќ.
„Во овој момент се вршат истраги во кулата на 15-от кат, односно се земаат примероци од бетон и арматура. Од безбедносни причини, на тој кат се поставени и 12 потпори. Верувам дека резултатите од истрагата ќе ги добиеме во следните два или три дена“, рече тој.
Наскоро се очекува поставување на оградата на градилиштето и испорака на градежните контејнери.
Во договорот се наведува дека проектот може да се изведува во неколку фази, а изведувачот ќе одлучи колку ќе има. Секоја фаза од проектот мора да помине контрола кога станува збор за механичка отпорност, стабилност на почвата и околните згради во непосредна близина на „Вјесник“.
Главиниќ истакна дека методот на отстранување ќе го одреди проектантот. Тој очекува дека проектот за првата фаза ќе биде примен многу наскоро, а потоа ќе се разговара за методот на отстранување.
„За да разговараме за тоа, треба да ги добиеме резултатите од истражувањето што моментално се спроведува на 15-тиот кат, во врска со примероците од бетон и арматура“, истакна државниот секретар.
На прашањето колку луѓе ќе работат на градилиштето, тој одговори дека моментално има 10 до 15 работници, а нивниот вкупен број ќе зависи од понатамошните фази. Исто така, изведувачот ќе процени дали ќе му биде потребна помош од надворешни компании.
Во договорт со фирмата „Еурко“ кој е потпишан минатата недела, „Вјесник“ треба да се отстрани во рок од 90 дена.


