Пожар во кулата на „Вјесник“ во Загреб / Фото: Индекс.хр

Пожарот во „Вјесник“ стигна на суд во Хрватска: двајцата матуранти се соочуваат со казна до 10 години затвор

Три месеци по пожарот во облакодерот на „Вјесник“ во Хрватска, кој ја шокираше земјата и стана вест на годината, а поради кој беа уапсени двајца 18-годишни матуранти што моментално се наоѓаат во истражен притвор во воспитен дом, Општинското кривично државно обвинителство ја заврши истрагата и поднесе обвинение.

Како што дознава „Јутарњи лист“, тинејџерите се обвинети за кривично дело против општата безбедност бидејќи со предизвикувањето на пожарот загрозиле човечки животи и имот од поголем обем, при што предизвикале голема материјална штета.

За ова кривично дело законот предвидува казна затвор до 10 години, но со оглед на тоа што за нивните судбини ќе одлучува Одделот за млади, може да се очекува дека казните, доколку бидат прогласени за виновни, ќе бидат поблаги.

Три месеци по пожарот што го уништи облакодерот на „Вјесник“, потпишан е договор за изработка на проектна документација и за уривање на објектот со западниот анекс. Договорот во име на сосопствениците го потпиша министерот Бранко Бачиќ, а во име на избраната компанија ЕУРКО – нејзиниот директор Хрвоје Мерки.

Вредноста на договорот изнесува 4,22 милиони евра.

ВИДЕО | Драматични сцени во Загреб: Пламен ја зафати кулата „Вјесник“, штетата е тотална

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот