Рок списанието „Кју“ по 34 години постоење, ќе престане да се печати

Рок-списанието „Кју“ – „пионерот“ на рок-новинарството во Велика Британија, ќе престане со своето издавање по 34 години од своето постоење, пишува МИА. Како што соопшти уредништвото, за тоа е виновна корона-кризата.

  • Пандемијата ни го направи тоа – напиша уредникот Тед Кеслер на својот Твитер-профил.

Тој притоа објави и уредничко писмо за последното издание, кое излегува на 28 јули. Таму тој вели дека мора да се извини бидејќи не успеал да го одржи „Кју“.

Тиражот на списанието падна на 28.000 продадени примероци месечно, во однос на 200.000 во 2001 година.

Списанието „Кју“ го основале Марк Елен и Дејвид Хепворт во 1986 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот