Родени се Марвин Геј, Горан Каран и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Фото: Инстаграм

Денешниот ден во музичката историја го паметиме по неколку важни настани кои оставија длабок печат во оваа уметност, како што е раѓањето на Марвин Геј, но и други настани кои ја одбележаа музиката на 2 април…

1939 година – Роден е Марвин Геј, американски соул пејач и автор.

1942 година – Роден е Леон Расел, американски пејач, пијанист, гитарист и автор.

1947 година – Родена е Емилоу Харис, една од најзначајните и највлијателните американски кантри и кантри-рок музичари.

1964 година – Роден е Горан Каран, сплитски рок пејач.

1990 година – „PGP RTB“ ја објавија првата компилација на групата „Галија“, која го носи името по хит баладата „Још увек сањам“. На изданието се најдоа 11 одбрани песни, како „Госпи“, „Бурна пијана ноч, „Дали си спавала“, „Дигни руку“, „Још увек сањам“, како и „На твојим уснама“, од албумот кој групата го објави претходната година.

1990 година – „Нирвана“ во Смарт студиото во Медисон, Висконсин, почна да прави демо верзии од песните „In Bloom“, „Lithium“, „Polly“, „Pay to play“, „Imodium“и „Sappy“ со продуцентот Буч Вигом, а некои од песните станаа дел од славниот албум „Nevermind“, кој е објавен на есен следната година.

1997 година – Панк рок групата од Загреб, „Хладно пиво“, заврши со работа на својот трет албум – „Десетка“. Како што сугерира и самиот наслов, групата со ова издание прослави 10 години постоење.

2003 година – Почина Едвин Стар – соул, ар-ен би и фанк пејач. Негов најголем успех беше песната „War“, американски хит број 1 на топ листата од 1970 година.

2010 година – Почина Мато Дошен, поп-рок автор од Загреб, клавијатурист и продуцент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот