Роберто Мартинез повеќе нема да биде селектор на Белгија

Роберто Мартинез со Белгија не ја помина ни групата на СП 2022/фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Веднаш по ремито со Хрватска и елиминацијата од Светското првенство во Катар, од Белгиската фудбалска асоцијација информираа дека селекторот Роберто Мартинез повеќе нема да ги води најдобрите белгиски фудбалери.

Белгија се сметаше за еден од фаворитите за освојување на едно од првите две места во групата „Ф“ кои водат во нокаут-фазата, но Мартинез не успеа да ја оствари целта.

– Роберто Мартинез најави дека ќе прекине да биде селектор на белгиските „црвени ѓаволи“ – информираа од тамошната федерација.

Мароко е селекцијата која го освои првото место во групата пред Хрватите, а на последната четврта позиција заврши Канада.

Белгијците го завршија Мундијалот со учинок од една победа против Канада (1:0), реми со Хрватска (0:0) и пораз од Мароко (0:2), со само еден постигнат гол на Батшуаји, играчот на Фенербахче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот