РК Алкалоид без бодови од Нови Сад, Војводина оди во следната фаза од Европската лига

Марко Стојковиќ („РК Алкалоид“) на мечот против РК Војводина/фото: РК Алкалоид

Ракометниот клуб Алкалоид го одигра последниот меч на гостински терен во Европската лига на ЕХФ. Во рамките од петтото коло Алкалоид не успеа да дојде до бодови кај РК Војводина во Нови Сад (34:29).

Македонскиот вицешампион единствено водеше на самиот старт од мечот со 2:1, а потоа српскиот претставник постепено одржуваше предност од два три голови разлика (6:3, 7:4). Нешто подоцна домаќините стигнаа и до четири голови разлика (11:7, 12:8), а на паузата и до највисоки „плус пет“ (16:11).

Ништо не се промени во вториот дел, Војводина беше таа која имаше позитива, која стана уште поголема одржувајќи се од шест-седум голови разлика (19:13, 22:15).

Ривалот на Алкалоид не дозволуваше овој меч да има неизвесна завршница, сите дилеми беа решени во последните минути од средбата која Војводина стигна и до позитива од „плус осум (33:25).

ЗА Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со осум голови, шест имаше Марко Митев, пет Марко Стојковиќ, четири Давид Савревски, а три Иван Џонов.

Војводина обезбеди пласман во следната фаза, а за играчите на Кирил Лазаров кои остануваат последнопласирани во групата „Ф“ им останува да го одиграат и дуелот од шестото коло на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје против шпанската Ла Риоха на 5 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот