Рјабоволова брка олимписка норма на квалификацискиот турнир во Баку во борење

фото: bfrsm.mk

Македонската боречка федерација информира дека се водат 15 дневни подготовки во Баку, Азербејџан за европскиот квалификациски турнир кој ќе се одржува од 5 до 7 април 2024 година.

Вероника Рјабоволова ќе настапи во категоријата до 53 килограми (слободен стил) и ќе се бори за олимписка норма, односно за учество на Игрите во Париз.

На подготовките учествуваат уште две борачки Марија Цветанова и Марија Спирковска, заедно со тренерот Магомед Ибрагимов.

На листата натпреварувачки во оваа категорија покрај Рјабоволова се и: Елнура Мамадова (Азербејџан), Наталиа Малишева (индивидуални неутрални спортисти), Ирена Бинкова (Бугарија), Татјана Дебиен (Франција), Аника Вендл (Германија), Марија Преволараки (Грција), Шталвира Орсус (Унгарија), Марија Фероне (Италија), Маријана Драгутан (Молдавија), Јовита Врзесиен (Полска), Андреа Ана (Романија), Зејнеп Јетгил (Турција) и Лилија Маланчук (Украина).

Во машка конкуренција Македонија во Баку ќе ја претставуваат: Владимир Егоров (57 кг.), Расул Шапиев (74 кг.), Ахмад Магомедов (86 кг.) и Магомедгаџи Нуров (97 кг.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот