Ристовски: Против Молдавија требаше да постигнеме уште некој гол

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Милан Ристовски беше во стартниот тим за вчерашниот натпревар против Молдавија, меѓутоа не успеа да се запише во листата на стрелци.

Ристовски не крие дека очекувал Македонија да се прикаже во подобро светло и смета дека натпреварот против Црна Гора за нас ќе биде уште потежок.

„Игравме добро, имавме контрола на топка и доминиравме во поголем дел од натпреварот. За жал поради едно наше невнимание примивме гол и натпреварот заврши без победник. За два дена против Црна Гора не чека еден тежок натпревар, играме против квалитетна репрезентација и ако сакаме да бидеме конкурентни мора да играме на повисоко ниво. Секогаш сум самокритичен и сметам дека на теренот може да се даде повеќе. Така требаше да биде и со Молдавија, ако постигневме уште некој гол ќе дојдовме до посакуваната победа“, изјави Ристовски

Натпреварот против Црна Гора го играме во понеделник од 18:00 часот.

Милевски: За жал не искористивме барем уште една од тие пет-шест прилики за гол

Милевски: За жал не искористивме барем уште една од тие пет-шест прилики за гол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот