Милевски: За жал не искористивме барем уште една од тие пет-шест прилики за гол

Селекторот на македонската фудбалска А репрезентација, Благоја Милевски/фото: ФФМ

Македонската фудбалска А репрезентација одигра 1:1 во пријателскиот натпревар против Молдавија на стадионот „Мардан“ во Анталија, Турција.

Бојан Миовски во 45 минута го постигна голот за водство на нашата репрезентација. На погодокот на Миовски му претходеше удар на капитенот Барди, удар кој голманот на Молдавија го одби до играчот на Абердин.

Со еврогол на Дамашкан во 83 минута, Молдавија израмни на 1:1 за конечен резултат на контролниот натпревар меѓу двете селекции.

– Можам само да им честитам на играчите, за желбата, за сето она што го покажаа, за шансите што ги создадоа. За жал, не искористивме барем уште една од тие пет-шест изгледни прилики за гол. Видовме еден прекрасен гол од противникот, мислам дека и нивниот прв шут во рамки на нашиот гол, но тоа е тоа, одиме понатаму. Потенцирав и пред мечот дека ќе им дададе шанса на некои фудбалери кои сакаме да видиме како се однесуваат на поинакви позиции од тоа што навикнале да играат.

Можам да кажам дека сум делумно задоволен, но имаме и многу простор за да исправиме сегменти кои не ни функционираат, како што сме планирале и замислиле. Бараме и сакаме да најдеме решение и за некои позиции што се проблематични во овој момент, затоа и се овие контролни натпревари. Со оглед на тоа што Барди има проблем со адукторот, цела недела, и во Трабзон, и тука, работи со намален интензитет, таков беше и договорот со Алиоски за кој знаеме дека нема никаква минутажа во клубот и морам да го исконтролирам сето тоа, за да не дај Боже дојде до поголема повреда рече селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски по натпреварот со Молдавците.

Во понеделник (25 март) нашата селекција ќе има уште еден контролен меч против Црна Гора од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот