Риалда Кадриќ починала на ист начин како и нејзината мајка

youtube/printscreen
Фото: Youtube/Printscreen

Актерката Риалда Кадриќ Шебек, позната по улогата на Марија од „Жикина династија“, почина ненадејно на 25 јануари на 57-годишна возраст, не успевајќи да го сними планираното продолжение на култниот филм.

Гледачите, соработниците и колегите се надеваа дека „Марија на Боба“ повторно ќе блесне на филмското платно, но за жал судбината имаше поинаков план. Како што пишува „Новости“, Риалда Кадриќ починала, на ист начин како и нејзината мајка во 1991 година – на улица.

„На 16 јануари 1991 година, мајка ми ненадејно почина на улиците на Белград, војната во Југославија се ширеше и решив да останам во Лондон и да започнам нов живот“, рече еднаш Ријалда во емисијата „Балканска улица“.

Овој 25 јануари, таа исто така починала од срцев удар – на улица во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот