Александар Стефанов и Кирил Лазаров/РФМ

РФМ и Лазаров ја продолжија соработката, уште најмалку три години ќе ја води Македонија

Ракометната федерација на Македонија ја извести јавноста дека продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со цел да се обезбеди континуитет и развој на македонскиот ракомет.

Претседателот на федерацијата, Александар Стефанов, истакна дека договорот е потпишан до 2029 година и дека стабилноста е клучна за напредокот на националниот тим.

„Официјално ја продолживме соработката со селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година. Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на националниот тим и македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија ќе продолжиме да остваруваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт“, изјави Стефанов.

Селекторот Лазаров, кој важи за еден од најголемите ракометни имиња во Македонија, истакна дека е горд на довербата која му е укажана и дека очекува сериозна работа и резултати во наредниот период.

„На заедничко задоволство ја продолживме соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на национален тим, поготово на својата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за укажаната доверба и поддршка.Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност ќе продолжиме да работиме на напредокот на националниот тим и достоинствено претставување на Македонија, со фокус на стабилност и резултати на долг рок“, изјави Лазаров.

Со ова, македонскиот машки ракомет добива јасна стратегија и континуитет, а федерацијата очекува силни резултати на меѓународната сцена во следните години.

Лазаров го избра конечниот список од 19 ракометари за Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот