Фото: РФМ

Лазаров го избра конечниот список од 19 ракометари за Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација влегува во завршниот дел од подготовките за настапот на Европското првенство, стручниот штаб сега е фокусиран на воигрувањето и финалното обликување на тактичките замисли пред континенталниот предизвик.

Во рамките на подготовките, „црвено-жолтите“ ќе настапат на силен контролен турнир во Швајцарија. Селекторот Кирил Лазаров го скрати списокот и ги одбра 19-те ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство:

Иван Галевски

Петар Атанасијевиќ

Никола Костески

Филип Кузмановски

Игор Ѓорѓиев

Жарко Пешевски

Михаил Аларов

Мартин Велковски

Самоил Ристевски

Никола Митревски

Мартин Томовски

Иван Џонов

Ненад Костески

Марко Митев

Павле Атанасијевиќ

Марко Стојковиќ

Никола Марковски

Мартин Серафимов

Дамјан Митев

Поради повреда отпадна Томислав Јагуриновски, додека надвор од составот остана и Мартин Ивановски од Алкалоид. На турнирот „Жолт куп“, Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот Швајцарија, како и со селекциите на Бахреин и Украина, во натпревари што ќе се играат од четврток до сабота. По турнирот следуваат неколку дена резервирани за тренинзи, пред заминувањето во Хернинг каде што првиот натпревар го играме со домаќиот Данска на 16-ти јануари, а потоа следат дуеелите со Португалија и Романија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот