РФМ ги исплати наградите на сениорската и кадетската селекција

Македонската ракометна репрезентација/фото: РФМ

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска (01.09.2024 г.) Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското првенство 2024 во Германија.

Како и наградата во износ од 1.000.000,00 денари за кадетската селекција (машка конкуренција), за освоеното деветто место на Светското првенство 2023 во Хрватска.

Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на ЕП во Германија освојувајќи го второто место во групата покрај репрезентациите на Португалија, Луксембург и Турција и го задржа континуитетот за настап на завршниот континентален турнир по осмипат.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на континенталниот собир се во групата „А“ со Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.

Машката кадетска ракометна репрезентација со прикажаните одлични настапи на Мундијалот, веќе следната година ги очекува учество на М20 Европското првенство 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот