Реза Пахлави: Безбедносните сили масовно се повлекуваат од режимот во Иран
Поранешниот ирански престолонаследник Реза Пахлави, кој живее во егзил, во неделата ги повика антивладините демонстранти да останат на улиците, тврдејќи дека многумина членови на безбедносните и на вооружените сили ги напуштаат своите работни места.
Препорачано
„Добив сигурни извештаи дека Исламската Република се соочува со сериозен недостиг на платеници кои би можеле да се соочат со милиони луѓе на улиците,“ напиша тој во својата објава на социјалните мрежи.
Досега, додаде тој, многумина членови на вооружените и безбедносните сили ги напуштија своите работни места или не ги послушаа наредбите.
„На Хамнеи му остануваат помал број насилни платеници кои, како и нивниот криминален водач, не се Иранци и се против Иран и ве сметаат вас – големата нација Иран – за свој непријател. Знајте дека ќе се соочат со последици за своите постапки,“ рече Пахлави и објави видео на социјалните мрежи.
بدانید که تنها نیستید. هممیهنانتان در سراسر جهان، صدای شما را با افتخار فریاد میزنند که حتما تصاویر حضور پرشمار و گسترده آنها را از طریق صفحه تلویزیون میبینید. دنیا امروز کنار انقلاب ملی شما ایستاده است و شهامت شما را تحسین میکند. بهویژه پرزیدنت ترامپ، به عنوان رهبر جهان… pic.twitter.com/D3JjErJ7QM
— Reza Pahlavi (@PahlaviReza) January 11, 2026


