Протест во Иран/Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Над 500 луѓе загинаа во масовните протести во Иран

Немирите во Иран досега однесоа повеќе од 500 животи, објави „Ројтерс“.

Според најновите податоци на американската организација за човекови права ХРАНА, базирани на информации од активисти во и надвор од Иран, потврдена е смртта на 490 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили, додека повеќе од 10.600 лица се уапсени во текот на двонеделните немири.

Нетанјаху: Израел и Иран пак ќе станат верни партнери за подобра иднина, но откако ќе падне режимот

Иранските власти не објавија официјален број на жртви, а „Ројтерс“ наведува дека не можел независно да ги потврди наведените податоци.

Според „Волстрит џурнал“, Трамп требало в вторник да добие брифинг од своите соработници за можните опции кон Иран, вклучувајќи воени удари, употреба на тајни сајбер-оружја, проширување на санкциите и обезбедување онлајн поддршка за антивладините извори.

Претседателот на иранскиот парламент, поранешниот командант на елитната Иранска револуционерна гарда, Мохамад Бакер Калибаф, го предупреди Вашингтон да не направи „погрешна проценка“.

– Да бидеме јасни: во случај на напад врз Иран, окупираните територии (Израел), како и сите американски бази и бродови, ќе бидат наша легитимна цел – изјави Калибаф.

Додека верскиот естаблишмент на Исламската Република се соочува со најмасовните протести од 2022 година наваму, Трамп повеќепати се закани дека ќе интервенира доколку се употреби сила врз демонстрантите.

Иран: Само нека нè нападнат Американците и Израел, па ќе им се одмаздиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот