Нетанјаху: Израел и Иран пак ќе станат верни партнери за подобра иднина, но откако ќе падне режимот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел и Иран повторно ќе станат партнери откако ќе падне режимот во Техеран, објави „Тајмс оф Израел“.
Препорачано
– Им испраќаме сила на храбрите и смели граѓани на Иран — и откако режимот ќе падне, заедно ќе направиме добри работи во корист на двата народа. Сите се надеваме дека персискиот народ наскоро ќе биде ослободен од јаремот на тиранијата. И кога ќе дојде тој ден, Израел и Иран повторно ќе станат верни партнери во градењето иднина на просперитет и мир – изјави тој говорејќи на почетокот на неделната седница на израелската влада.
За потсетување, во Иран има масовни протести против авторитарниот режим.
Иран е без интерент: „Пристапот беше блокиран за да се спречи светот да ги види протестите“
И покрај жестоката интервенција на безбедносните сили, иранските демонстранти и во саботата навечер излегоа на улиците, спротивставувајќи се на владиниот одговор што, според извештаите, во изминатите неколку дена однел стотици животи или оставил голем број повредени.
Сведоштвата на очевидци и потврдените видеоснимки укажуваат на засилена репресија, придружена со ограничување на интернетот, додека демонстрантите извикуваа пароли против врховниот лидер Али Хамнеи и изразуваа поддршка за враќање на монархијата.
Властите, пак, ги заострија пораките кон јавноста. Ајатолахот Хамнеи ги обвини странските сили за насилствата, а главниот обвинител Мохамед Мовахеди Азад предупреди дека учеството во протестите ќе се третира како тешко кривично дело, за кое е предвидена и смртна казна.
Според организации за човекови права, од почетокот на протестите на крајот на декември уапсени се повеќе од 2.500 луѓе, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени да им пружат поддршка на демонстрантите во Иран.
ВИДЕО | Ирански жени горат фотографии од Хамнеи за да запалат цигари


