Протести во Иран/Фото: AFP / AFP / Profimedia

Иран е без интерент: „Пристапот беше блокиран за да се спречи светот да ги види протестите“

Организацијата NetBlocks, која ја следи слободата на интернет, утрово објави дека блокадата на интернет во Иран е на сила веќе 60 часа, односно два и пол дена, завршувајќи во 8 часот наутро по локално време, додека прекинот наводно се однесува и на меѓународните телефонски повици.

„Пристапот до интернет беше блокиран за да се спречи светот да ги види протестите“, објасни претходно Холи Даграс, виш соработник во Вашингтонскиот институт, додавајќи дека тоа „за жал веројатно им обезбедило и покритие на безбедносните сили да ги убијат демонстрантите“.

Некои луѓе сепак успеале да пристапат до сателитскиот интернет на Starlink, објави меѓународната дописничка на Би-Би-Си, Дијана Магнеј, но властите се обидуваат да ја прекинат и таа врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот