Ревизорите во МО утврдиле системски слабости, слаба финансиска транспарентност и нецелосен попис

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за одбрана, во кои се наведени клучните утврдени состојби и системски слабости.

ДЗР во делот за клучни утврдени состојби наведува дека вредноста на постојаните средства и залихите на материјали во финансиските извештаи не е реална и објективна, пописот на средствата и обврските не е целосно извршен, дел од постапките за јавни набавки и реализацијата на дел од договорите не се вршат согласно законската регулатива, обврските кон добавувачите не се целосно прикажани во финансиските извештаи и оти работењето на Воено медицинскиот центар се финансира од сметката на Министерството.

Како системски слабости, пак, се поосчуваат: носење на закон за вработените во Министерството за одбрана со цел постигнување усогласеност во управувањето со човечките ресурси и работните процеси во одбраната со стандардите на земјите членки на НАТО, продолжување на постапката на донесување измени и дополнувања на Закон за пожарникарство, донесување на статут на Воената академија усогласен со одредбите од Законот за високото образование, неотпочната имплементација на Законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, донесен 2016 година.

Извештаите на ДЗР за Министерството за одбрана се достапни на линкот: https://dzr.mk/mk/240110-revizija-na-usoglasenost-2023-ministerstvo-za-odbrana .са/дма/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот