Али Ахмети митинг Кичево Фото: Фејсбук Ахмети

Ревизорите имаат најмногу забелешки за ДУИ: партијата на Ахмети наплаќала членарина над законскиот лимит

Во ревизорските извештаи за работењето на политичките партии за 2024 година, кај владејачката ВМРО-ДПМНЕ ревизорите посочиле прашање поврзано со дел од партискиот имот. Станува збор за забрана за привремено располагање со одредени недвижности, поврзана со постапка започната во 2018 година, што според ревизијата влијае врз проценетата вредност на тој имот во финансиските извештаи.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави конечни ревизорски извештаи за финансиското работење и усогласеноста на политичките партии за 2024 година, при што биле констатирани различни пропусти, нерешени прашања поврзани со партискиот имот и одредени системски слабости. Од петте партии опфатени со ревизијата, најмногу забелешки ревизорите нотирале кај опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети, пишува „Фокус“.

Во извештајот се наведува дека дел од фактурите од добавувачите не биле архивирани навреме, што го отежнува следењето на нивната евиденција, како и дека се исплатени одредени материјални трошоци без соодветна документација. Дополнително, ревизорите утврдиле дека дел од членовите плаќале членарина над законски дозволениот лимит.

Според интерните правила на ДУИ, висината и начинот на плаќање на членарината се регулирани со посебна одлука, која го уредува месечното плаќање за носителите на функции на централно и на локално ниво. Сепак, според Законот за финансирање на политичките партии, годишниот износ што може да го уплати еден член не смее да надмине една просечна нето-плата од претходната година, податок што го објавува Државен завод за статистика.

Според ДЗР, во 2024 година 16 луѓе уплатиле повисоки износи од дозволеното, иако законот предвидува годишната членарина за еден член да не смее да ја надмине просечната нето-плата од претходната година.

Од финансискиот извештај на партијата за истата година произлегува дека ДУИ примила донации од пет донатори во вредност од околу 1,5 милиони денари, како и членарини од 29 луѓе во вкупен износ од 713.250 денари. Меѓу оние што платиле членарина се и лидерот на партијата Али Ахмети со 36.000 денари и поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери со 24.000 денари, како и повеќе други функционери и членови.

ФОТО | Државниот архив „се распаѓа“ – влага, стари електрични инсталации, нема противпожарни системи

Ревизорите утврдиле одредени слабости во финансиското работење и кај Алтернатива, партија која ја предводи првиот вицепремиер Беким Сали. Според извештајот на Државен завод за ревизија, деловните книги не се воделе целосно во согласност со Законот за сметководство на непрофитни организации, амортизацијата на основните средства не се пресметувала по пропишаните стапки, а одредени донации, во форма на попуст за услуги, не биле соодветно евидентирани.

Кај владејачката ВМРО-ДПМНЕ ревизорите посочиле прашање поврзано со дел од партискиот имот. Станува збор за забрана за привремено располагање со одредени недвижности, поврзана со постапка започната во 2018 година, што според ревизијата влијае врз проценетата вредност на тој имот во финансиските извештаи.

Во извештајот за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) се наведува дека дел од објектите што партијата ги наследила од претходниот правен субјект сè уште немаат решен сопственички статус. Поради тоа, тие не се внесени во евиденцијата на надлежната институција, ниту, пак, во сметководствената евиденција на партијата. Ревизорите посочуваат дека ова прашање треба да се регулира за да се обезбеди целосна финансиска евиденција на имотот.

За Левица на Димитар Апасиев, ревизорите не навеле крупна забелешка.

Некој здиплил 30 лаптопи од Министерството за односи меѓу заедниците, бензин се точело „кому иде“, а тендерите се посебна приказна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот