Републиканците се поблиску до мнозинството во американскиот Конгрес

Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Републиканската партија се доближува до бројот на претставници потребни за тесно мнозинство во Претставничкиот дом на среднорочните избори за Конгресот на САД, додека контролата на Сенатот зависи од резултатите од изборите во неколку сојузни држави.

Кога станува збор за Претставничкиот дом, републиканците сега се поблиску до мнозинството од 218 места потребно за преземање контрола.

Според резултатите на Си-Ен-Ен, републиканците во моментов имаат 209 претставници во Претставничкиот дом, а демократите имаат 191. Во Сенатот, републиканците во моментов имаат 49 мандати, а демократите 48.

Секоја партија би можела да обезбеди мнозинство во Сенатот со победи во Невада и Аризона каде гласовите сè уште се бројат.

Во Невада во моментов водат републиканците со 49,4 отсто од гласовите, додека демократите имаат 47,6 отсто.

Во Аризона во водство се демократите, кои освоија 51,4 отсто од гласовите, пред републиканците кои имаат 46,4 отсто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот