Ренова и Шкупи одиграа без голови и ѝ направија услуга на Шкендија

фото: ФК Шкупи

Ренова и Шкупи одиграа без голови во првиот натпревар од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига и ѝ направија услуга на Шкендија која се наоѓа пред освојување на титулата есенски шампион.

Шкендија е лидер на табелата со 36 бода, три повеќе од Шкупи за кого остана да одигра само уште еден натпревар годинава, додека тетовските „црвено-црни“ утри играат на гости кај Академија Пандев и во среда ќе го завршат првиот дел од сезоната против Пелистер.

И двете екипи имаа свои шанси денеска, но тимот на Шкупи може да жали за промашувањата на Фреди Алварез.

Преостанатите натпревари од претпоследното есенско коло ќе се одиграат утре и се среќаваат Академија Пандев – Шкендија, Вардар – Македонија ЃП, Борец – Силекс, Струга Трим Лум – Работнички и Пелистер – Беласица.

фото: ФК Шкупи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот