Вардар - Пелистер/РК Еурофарм Пелистер

Регионалната лига ќе почне, но дури од септември 2027 година – причина биле македонските клубови

Амбициозно најавената нова регионална лига со екипи од Србија, Црна Гора и Македонија засега е ставена во мирување.

Причината според инфоормциите на „Моцартспорт“ токму македонските клубови не сакале да се откажат од настапот во домашното првенство, за разлика од останатите. По состанокот што се одржа во Скопје, на кој присуствувале претставници на клубовите и челниците на трите федерации, донесена е одлука новото натпреварување да стартува од септември 2027 година, наместо од следната сезона како што беше првично планирано.

Во меѓувреме, федерациите ќе имаат една година да го подготват системот и форматот на натпреварувањето.

Следната сезона ќе послужи како „пилот-проект“. Предвидено е да се одиграат три регионални турнири со вкупно 10 екипи, по четири од Србија (Партизан, Војводина, Динамо Панчево и Дубочица), четири од Македонија (Вардар, Охрид, Алкалоид и Еурофарм Пелистер) и две од Црна Гора (најверојатно Ловќен и Будванска ривиера).

Турнирите ќе се одржат во три термини, пред почетокот на сезоната, пред вториот дел и на самиот крај, како завршен турнир, а домаќини ќе бидат Скопје, Подгорица и Белград.

Планот е веќе од 2027 година да се формира стабилна регионална лига со поддршка од ЕХФ, која би можела да обезбеди и пласман во Лига на шампиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот