Речиси половина Германци поддржуваат затворање на границите за време на летото

Речиси една третина од жителите на Германија веќе се откажале од планирањата за овогодишниот летен одмор, а 22 проценти се против патување во странство.

Речиси секој втор Германец не сака отворање на границите во Европа за потребите за летување, се вели во истражувањето на јавното мислење објавено денеска.

Меѓу испитаниците 48 проценти од нив се залагаат и во текот на летото да остане во сила блокадата на границите, воведена согласно мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.

Дваесет проценти од нив се за ослободување кон одредени држави, а само 13 проценти се залагаат за потполно укинување на блокадата меѓу земјите во ЕУ.

Испитувањето го изработи институтот „YouGov“, на барање на Германските агенции.

Владата во Германија ги продолжи препораките за граѓаните да не патуваат во странство и тие ќе важат најмалку до јуни. Границите кон соседните земји смеат да ги преминат само лицата кои работат од другата страна на граничниот премин или се приморани да патуваат од некоја посебна причина.

Според ова истражување, само 18 отсто од испитаниците одговориле дека ќе останат до своите досегашни планови за годишен одмор. Но истовремено 45 проценти изјавиле дека пред избивањето на пандемијата воопшто не почнале со планирање на летен одмор.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во повеќе наврати ги повтори проценките дека оваа година нема да има патување во странство како што тоа беше случај во претходните години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот