Рецепт за сочни и меки пилешки копани, највкусни што сте ги пробале досега

Фото: Easy-peasy.AI

За подготовка на пилешки копани не е потребна некоја претерана кулинарска вештина, а можете да ги печете, сварите, пржите, похувате… Меѓутоа, сепак, тука постои еден трик. Тајната на сочни и меки пилешки копани лежи во маринадата.

Состојки:

– 1 кг пилешки батаци
– 4 главици кромид
– сок од лимон (од 3 лимони)
– 3 чешниња лук
– 50 мл павлака за готвење
– 2 лажици масло
– 10 грама магдонос
– 3 лажички сенф
– ½ лажичка сол
– ½ лажичка пиперка
– 50 мл пилешка супа

Подготовка:

Исечете го кромидот (не многу тенко) и префрлете го во сад, па прелијте го со павлака за готвење, масло, сок од лимон, лук, сенф, бибер, сол и сечкан магдонос.

Сè убаво измешајте и прелијте ги пилешките копани. Промешајте за да се залепи смесата за копаните. Покријте го садот со капак или со фолија и оставете го пилешкото да се маринира најмалку еден час.

Извадете ги копаните од маринадата и ставете ги во длабока тава во која претходно сте го загреале маслото и оставете ги да се пржат неколку минути. Не заборавајте да ги превртите.

Потоа додајте ја маринадата и измешајте. На крај додајте ја пилешката супа, поклопете и оставете да се крчкаат на тивок оган 30 до 45 минути.

Кога ќе бидат готови, посипете со сечкан свеж магдонос и послужете со прилог по ваш избор. Тоа може да биде ориз, њоки, крокети, компири…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот