Рецепт за превкусни чизкејк бомбици: Се прават од 3 состојки и готови се за 20 минути
Едноставните десерти направени од мелени бисквити заштедуваат многу време, но по вкус не заостануваат многу зад покомплицираните десерти.
Препорачано
Бомбиците се едни од највкусните и најлесните домашни колачи за подготовка, а денес ви претставуваме еден прекрасен рецепт.
За едноставните чизкејк бомбици од три состојки не ви е потребна ниту рерна.
Кремастата текстура ги претвора во еден од омилените ситни колачи, како за секојдневно засладување, така и за празничните трпези, а според ваша желба и вкус можете да го збогатите рецептот за бомбиците да изгледаат поубаво и да добијат нова димензија на вкус.
На пример, ако ги „извалкате“ во кокос или ги потопите во растопено бело чоколадо – и ете феноменален десерт!
Состојки:
– 100 грама мелени бисквити
– 230 грама крем-сирење
– 50 грама шеќер во прав
Подготовка:
1. Изматете го крем-сирењето со шеќерот во прав, па додадете половина од мелените бисквити.
2. Кога ќе ги измешате состојките, со лажица извадете делови од смесата кои ќе ги обликувате како топчиња.
3 Извалкајте ги во мелените бисквити, па обликувајте топчиња, па повторно извалкајте ги во мелените бисквити.
4. Распоредете ги во чинија, па оставете ги во фрижидер околу половина час.
По желба може да ги прелиете со топено бело чоколадо или да ги „извалкате“ во кокос, во шарени трошки итн.
На здравје!


