Рецепт за плескавици од просо и црн грав! Необична комбинација со одличен вкус

Фото: Pxfuel

Малку просо, црн грав, моркови и уште неколку намирници ќе ви бидат доволни за ова одлично јадење.
Ако мислевте дека плескавици се прават само од месо, се лажете. Овие се толку вкусни, што сигурно ќе заборавите на месото.

Состојки:

– шолја варено просо

– шолја и пол конзервиран црн грав

– среден морков

– четвртина главица кромид

– третина шолја овесни снегулки

– малку мелена пиперка и оригано

– сол, бибер, масло

Подготовка:

Измешајте го свареното просо, исцедениот и благо испасираниот грав, изренданиот морков и кромидот, овесните снегулки, солта, биберот, мелената пиперка и ориганото. Сè добро соединете, за да добиете еднолична смеса, а потоа формирајте плескавици со саканата големина.

Пржете ги во тавче на загреано масло по четири до пет минути од секоја страна, за плескавиците да добијат убава боја, па послужете ги додека се топли.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот